MOUZ и Spirit ќе се сретнат во финалето на BLAST Bounty 2026 Season 2 откако ги совладаа Astralis и FaZe во полуфиналето. Двете екипи сега се подготвуваат за утрешното финале со цел позитивно да ја започнат новата сезона.
Првото полуфинале беше натпреварот помеѓу FaZe и Spirit. Иако руската екипа беше голем фаворит против новообновената постава на FaZe, двете екипи одиграа тесна серија во која donk не успеа да го има вообичаениот импакт. Сепак, Spirit успеа да стигне до победата и пласман во финалето благодарение на одличните настапи на sh1ro и zont1x на последната мапа, Anubis.
Полуфиналето помеѓу MOUZ и Astralis исто така се одигра низ сите три мапи, при што клучни играчи за своите екипи беа jabbi и torszi. На првата мапа, Ancient, Astralis успешно го претвори водството од првото полувреме во сигурна победа над новата постава на MOUZ. Меѓутоа, данската организација не успеа да го спречи пресвртот на наредните две мапи и со тоа MOUZ обезбеди пласман во финалето.
Утрешното финале ќе се одигра со best-of-five формат и ќе почне од 12:30. Ако MOUZ успее да ја освои титулата во Малта, тие ќе го постигнат својот прв трофеј по успехот во PGL Cluj-Napoca 2025, додека за Spirit оваа би им била втора титула во 2026 по успехот во PGL Astana 2026.


