Spirit повторно ја освои титулата во Астана со 3-0 победа над Falcons во финалето. Руската екипа ја постигна својата прва титула по успехот на BLAST Bounty 2025 Season 2 пред девет месеци.
Spirit беа единствената екипа на PGL Astana 2026 која остана непоразена низ групната и плејоф фазата. Тие лесно ги надминаа The Huns, а против MongolZ и FURIA мораа да одиграат потесни, но сепак успешни натпревари.
Со тие победи постигнаа пласман во четвртфиналето, каде што ги чекаше средба со G2. Spirit, кои низ последните неколку турнири продолжуваат да настапуваат со заменик-тренерот S0tF1k, успеаа со солидни настапи на Dust2 и Ancient да победат против германската организација. Во полуфиналето ги чекаше новиот состав на MOUZ, кои не можеа да им парираат на Spirit и убедливо биле совладани.
Во финалето ги чекаа Falcons во првиот настап на karrigan за саудиската организација. Иако Dust2 беше тесно одиграна мапа со резултат 16-12, следните две мапи беа доволно едноставни за Spirit да ја освојат титулата во Казахстан. donk беше прогласен за најдобар играч на турнирот со 1.61 HLTV 3.0 рејтинг, а за Spirit сега следува IEM Cologne 2026 Major.



