GamerLegion, G2, FaZe и Falcons се пласираа во наредната фаза на Esports World Cup 2026

Ангел Костоски
2 мин. читање

Денеска беа одредени првите четири екипи кои обезбедија пласман во плејоф фазата на Esports World Cup 2026. GamerLegion, G2, FaZe и Falcons ќе чекаат до недела за да ги дознаат своите противници.

Екипата на GamerLegion прва го потврди својот пласман со едноставна победа над JiJieHao. Преку одличните настапи на Tauson и старо-новиот играч FL4MUS, германската организација успеа да го запрат CacaNito, кој ја заврши серијата со 1.20 HLTV 3.0 рејтинг.

G2 беше следната екипа која го потврди својот пласман по тесна серија против BIG. G2 успеа на првата мапа да доминира против германската екипа, но BIG се избори и ја освои втората мапа во серијата. На крајот, тие немаа доволно енергија за на Inferno, па со тоа ќе треба да играат во долниот брекет.

- РЕКЛАМА -

FaZe и Falcons го заокружија денот со своите победи над Legacy и Astralis. Двата натпревари беа прилично едноставни за победниците, кои прикажаа одлична тимска игра.

Наспроти нив, првите две екипи кои беа елиминирани се Luminosity и M80, кои беа поразени од Spirit и Aurora во долниот брекет на групата A. Spirit ќе се подготвува за натпревар против BIG, додека натпреварот помеѓу Aurora и JiJieHao ќе биде прва средба меѓу kyxsan и CacaNito откако поранешниот IGL на Apeks потпиша за HEROIC при крајот на 2023 година.

Утре ќе бидат одредени уште две екипи кои ќе настапуваат во плејоф фазата, како и четирите екипи кои ќе испаднат од долниот брекет на групите B и C.