Rush, промени до Premier и „тивкиот“ reload пристигнаа во Counter-Strike 2

Ангел Костоски
2 мин. читање

Valve го најави пристигнувањето на нови промени за Counter-Strike 2, вклучувајќи нов gamemode под името Rush, промена во изборот на мапа во Premier, можност да се користи „тивок“ reload и отстранување на звукот при unscoping.

Rush е нов gamemode кој ќе се одвива во формат 3vs3. Екипите ќе имаат можност да играат на една мапа со повеќе сегменти, со цел да ја окупираат базата на нивниот противник или први да освојат осум рунди. Новиот формат овозможува по-casual искуство при играње на Counter-Strike, како и можност за помали групи пријатели да најдат нова прилика да играат заедно.

Во меѓувреме, додавањето на „тивок“ reload и промените до unscoping при користење на пушки како AWP, AUG или SSG 08 ќе бидат од големо значење во компетитивната сцена. Функцијата за „тивок“ reload може да се користи со држење на копчето за reload, при што самата анимација ќе биде успорена, додека звукот ќе биде минимален во споредба со стандардниот reload. Unscoping сега ќе може да се изведе без звук, додека зголемувањето на зумот се уште предизвикува звук.

- РЕКЛАМА -

Дополнителна промена стигна и во Premier, каде што беше променет начинот на кој се одбира мапата која ќе се игра. Наместо двете екипи да одбираат кои мапи ќе ги „банираат“ од седумте официјални компетитивни мапи, сега играчите ќе ги одберат мапите кои сакаат да ги играат, а потоа самата игра ќе направи рандом селекција од четири мапи. Промената беше воведена откако стигнаа голем број критики во врска со континуираното играње на одредени мапи, како Dust2 и Mirage.

Меѓу останатите промени кои пристигнаа се нови опции за crosshair, подобрување на визуелните елементи при пукање и погодување на противникот и враќањето на „clan tags“.