stressarN и SINNERS со солиден настап на IEM Atlanta 2026

Ангел Костоски
1 мин. читање

stressarN и SINNERS можат со кренати глави да се вратат од Атланта откако завршија на 9-12. место на својот прв Tier-1 LAN турнир. Низ својот настап во Америка, SINNERS успеаа да го прикажат квалитетот кој им овозможи пласман на IEM Cologne Major 2026.

Во првиот натпревар против GamerLegion тие постигнаа победа на Mirage, но не успеаa да освојат уште една мапа поради одличниот настап на REZ. Со тој пораз, SINNERS паднаа во долниот брекет каде што ги пречека меѓународниот состав на Passion UA. По поразот на Dust2, SINNERS успеаа да постигнат пресврт и со резултати од 13-9 и 13-8 да ги добијат Mirage и Overpass.

Во полуфиналето на долниот брекет ги чекаше Astralis, кои во две тесни мапи ги совладаа дебитантите и со тоа го завршија настапот на чешката организација во Америка.

- РЕКЛАМА -

Иако SINNERS пристигнаа на IEM Atlanta 2026 како замена за BET-M, тие успеаа на секоја мапа да одиграат тесни серии против екипи и играчи кои имаат повеќегодишно искуство на Tier-1 сцената. За stressarN и SINNERS сега следуваат подготовки за првата фаза на IEM Cologne Major 2026, која започнува на 2 јуни.

ОЗНАЧЕНО: