Vitality и G2 се пласираа во плејоф фазата на BLAST Open Porto 2026

Ангел Костоски
2 мин. читање

Vitality и G2 си го обезбедија пласманот во плејоф фазата на BLAST Open Porto 2026 со победи над FUT и Aurora. Тие ќе им се приклучат на FURIA, Spirit, Falcons и MOUZ, кои исто така играа денеска за да се одредат екипите кои ќе започнат од полуфиналето.

G2 требаше да одигра интересна серија против Aurora, која траеше сите три мапи. Новоформираната меѓународна екипа беше успешна на првата мапа, Anubis, преку одличните настапи на Jimpphat и Wicadia, кои доведоа до едноставна победа. Inferno беше најхаотичната мапа низ текот на серијата, каде што двете екипи имаа можност да ја заокружат серијата. На крајот, G2 беа успешни со резултат 19-16, а истиот моментум го пренесоа и на Mirage со доминантна победа од 13-1.

Серијата помеѓу Vitality и FUT беше поедноставна за француската организација, која со 2-0 ја елиминираше младата екипа на FUT. ZywOo беше најдобриот играч на серијата со 1.43 HLTV 3.0 рејтинг, додека играчите на FUT не успеаја да ја најдат формата која ги предводеше до финалето на Esports World Cup 2026.

- РЕКЛАМА -

На останатите натпревари се одредија и екипите кои ќе започнат од полуфиналето на плејоф фазата. Spirit лесно ја совладаа FURIA преку одличните настапи на sh1ro и donk, а MOUZ требаше да направи пресврт против Falcons за да победат со 2-1.

Екипите сега ќе се спремаат за настап на Super Bock Arena во Порто, каде што не чекаат четвртфиналињата помеѓу FURIA и Vitality и дербито помеѓу братучедите Ковач, Falcons и G2.