Spirit заминува од Париз со шампионската титула на Esports World Cup 2026 во Counter-Strike 2 по нивната победа над FUT во финалето во Accor Arena.
Финалето помеѓу двете екипи беше тесна и одлична серија која се одигра низ четири мапи. На Cache, xfloud повторно се истакна како најдобар играч за FUT со неговиот одличен настап на CT-страната.
На Anubis, Spirit успеа да возврати со подобра тимска игра, во која солидно настапија сите нивни играчи во уште една тешка мапа. Слична партија се одигра и на Ancient, каде што Spirit повторно успеа да го надмине добриот индивидуален настап на dem0n.
На последната мапа, Nuke, FUT немаа решение за фантастичната игра на donk, кој со 1.84 HLTV 3.0 рејтинг ја заокружи серијата, а со тоа Spirit ја обезбеди титулата со победа од 3-1.
По финалето, donk беше избран за најдобар играч на турнирот поради неговите клучни перформанси низ повеќе серии во групната и плејоф фазата.
Следен турнир за Spirit ќе биде BLAST Open Porto 2026, кој прво ќе го започнат со групната фаза што ќе се одигра во студиото на BLAST во Копенхаген.


