kyxsan и Aurora успешни против NAVI на StarLadder StarSeries 2026

Ангел Костоски
1 мин. читање

kyxsan и Aurora беа успешни на првиот ден од StarLadder StarSeries 2026, откако успеаја да ја совладаат екипата на NAVI. За тројцата турски играчи кои останаа во Aurora, ова беше само втората победа во 13 натпревари против NAVI од почетокот на 2024 година.

Двете нови засилувања на Aurora, Jimmphat и kyxsan, беа клучни играчи во натпреварот со своите добри настапи на Nuke и Mirage. Меѓу играчите на NAVI, makazze се прикажа најдобро и беше оценет со 1.10 HLTV 3.0 рејтинг.

На останатите натпревари, MOUZ беше изненадувачки поразен од NRG и ќе се сретне со NAVI во долниот брекет. Американската екипа можеше да се пофали со настапот на својот капитен, nitr0, кој блесна на последната мапа во серијата со 1.45 HLTV 3.0 рејтинг. Vitality лесно го надмина magic, додека FURIA преживеа тесна серија против обновената екипа на MiBR.

- РЕКЛАМА -

Утре ќе започнат двата натпревари од долниот брекет, по што ќе дознаеме кои екипи од Aurora и NRG, односно FURIA и Vitality, ќе играат во финалето на горниот брекет.