Фалконс ги совладаа Г2 во големото финале на ПГЛ Букурешт со резултат 3-0 (Mirage 13-5, Nuke 13-7, Ancient 13-8) за да го подигнат својот прв ЛАН трофеј во Counter-Strike 2.
Вчера заврши турнирот во Букурешт во организација на PGL, каде што се натпреваруваа 16 екипи.Како победници на крајот искочија токму Team Falcons за кој настапува нашиот Kyxsan кои по катастрофалниот старт на овој турнир, никој не можеше ниту да замисли дека Falcons ке стигнат во доигрувањето а камо ли во финалето.
Популарните Соколи турнирот го започнаа со два порази од Complexity и потоа можеби и најболниот пораз што некоја екипа го доживеала оваа година од Gamer Legion со резултат (13-2 , 13-1). Не беше се така сјајно за тимот на Kyxsan, но предизвикот да се победи секој меч до крај се со цел првенствено да се помине во следната фаза а потоа и да се сонува за нешто големо беше единствен начин за Falcons. Тоа и се случи па победи беа остварени врз Pain Gaming , Rare Atom и Тhe MongolZ па така Falcons се пласираше во доигрувањето.
Одличната тимска игра беше пресудна за низата од три победи и пласманот понатака но тука не застанаа разните критики за тимот на Falcons поради повторното бледо издание иако пласманот во доигрувањето беше остварено.
Во четврт финалето Теам Falcons повторно се среќава со тимот кој му го нанесе најболниот пораз на почетокот на овој турнир Gamer Legion, но овој пат исходот беше поинаков и пласман во полу финалето за Kyxsan. Легендарниот Faze Clan пречка која застана на патот на Falcons но одличниот настап на сите пет играчи успеа да се избори за уште едно финале за Соколите во два месеци.
Финале повторно во Романија но овој пат во друг град беше како пишано за Falcons да го дигнат својот прв трофеј токму во оваа држава веднаш после поразот во финалето во Клуж. Kyxsan одигра одличен меч и заедно со своите соиграчи ги совладаа популарните G2 со 3-0.
Сега имаат и повеќе од причина да сонуваат и да веруваат дека можат да се борат за најголемите трофеи, и покрај послабиот почеток на сезоната.