NAVI беа шокантно поразени од M80 на првиот ден на BLAST Open Porto 2026. Овој пораз претставува уште една сопка за украинската организација, која на Esports World Cup 2026 беше комфортно поразена од екипата на Legacy.
Натпреварот започна со едноставна победа на Anubis за NAVI, каде што w0nderful одигра одлична мапа со 1.93 HLTV 3.0 рејтинг. На Mirage, M80 возврати со добра тимска игра во која, иако Swisher беше најдобро оценет, сите играчи имаа свои клучни моменти низ текот на мапата.
На последната мапа, Inferno, тесното прво полувреме беше во голем контраст со доминантниот настап на M80 по промената на страните. Американската организација не им дозволи на NAVI да освојат ниту една рунда на нивната CT-страна, со што NAVI паднаа во долниот брекет на групата A.
Останатите серии беа прилично еднострани. G2 ги победија kyxsan и Aurora, додека Spirit можеа да се пофалат со нов фантастичен настап на donk против DENDELE. Во бразилското дерби помеѓу FURIA и paiN, победници беа FURIA по одличниот настап на YEKINDAR.
Утре ќе следат првите натпревари од група B, каде ќе не чека дебито на jL како замена за mezii во Vitality, пo кој после ќе го замени и apEX на PGL Masters Bucharest 2026.


