Kadmo Beach се шампиони на ENTiTY x ESPORTS.MK LAN Showdown 2026

Ангел Костоски
2 мин. читање

Kadmo Beach ја освои титулата на ENTiTY x ESPORTS.MK LAN Showdown 2026 по нивната победа над aimers во големото финале во eSports ENTiTY.

Охриѓаните го започнаа вториот ден со победа над Turbo во полуфиналето. Откако убедливо ја освоија Cache со 13-5, Kadmo Beach направи пресврт на Mirage, предводен од одличниот настап на powerdy, и го потврди својот пласман во финалето.

Нивни противник во финалето беше екипата на aimers, која со победа од 2-0 се пласираше во големото финале по дуелот со Bad Boys. Скопската екипа започна со убедлива победа на Mirage со 13-3, но Kadmo Beach брзо возврати со доминантен настап на Nuke, дозволувајќи им на aimers да освојат само една рунда.

- РЕКЛАМА -

Клучната мапа во големото финале беше Inferno, на која двете екипи започнаа со изедначена борба. Како што одминуваше натпреварот, Kadmo Beach почна да ја презема контролата и, со одличниот настап на SuperStojanY, ја победија мапата со резултат 13-8 и успешно ја освои првата титула на LAN Showdown.

Во меѓувреме, натпреварот за третото место донесе тесна и исцрпувачка серија помеѓу Turbo и Bad Boys. Иако Bad Boys имаа повеќе можности да го решат натпреварот на втората мапа, Turbo ги издржа нивните налети и стигна до победа по одличен пресврт. Моментумот од таа победа го пренесоа и на одлучувачката мапа, Ancient, со што го освоија третото место.

Финален пласман:

  • 1. место – Kadmo Beach – 70.000 денари
  • 2. место – aimers – 40.000 денари
  • 3. место – Turbo Esports – 25.000 денари
  • 4. место – Bad Boys – 15.000 денари

Честитки до екипата на Kadmo Beach и до сите други екипи што настапија на турнирот. Во наредните денови ќе следува и галерија со фотографии од настанот.