Turbo, Kadmo Beach, Bad Boys и aimers се пласираа во полуфиналето на ENTiTY x ESPORTS.MK LAN Showdown 2026. Четирите екипи утре ќе се борат за титулата во Охрид и за дел од наградниот фонд од 150.000 денари.
Turbo одигра убедлива серија против W Team, совладувајќи ја екипата во две мапи. На втората мапа, Dust2, Turbo направи пресврт во второто полувреме, освојувајќи 10 последователни рунди за да ја добие клучната мапа со 13-9.
Kadmo Beach беше втората екипа што се пласираше во полуфиналето, откако го совлада No Brain со 2-0. Охриѓаните утре ќе се сретнат со Turbo во првото полуфинале во неделната програма.
Bad Boys со доминантна победа над VOSKAA го обезбедија својот пласман во полуфиналето. VOSKAA освои само седум рунди во текот на серијата, а особено впечатлива беше победата на Bad Boys со 13-1 на Ancient.
Последниот полуфиналист е aimers, кои мораа да го надминат NADE во тетовското дерби. Серијата беше тесна, особено на втората мапа, каде што NADE направи пресврт од 3-9 до победа со 13-10. Сепак, aimers го покажаа својот квалитет на одлучувачката мапа, Dust2.
Утре ќе се одиграат двете полуфиналиња, натпреварот за третото место и големото финале. На првото полуфинале ќе се чекаат Turbo и Kadmo Beach, а по нив ќе се сретнат и Bad Boys и aimers. Се надеваме и утре дека ќе гледаме интересни и компетитивни серии.


