Red Bull Wings Cup ги поврзува гејмингот и фудбалот во глобален натпревар кој им дава можност на играчите да ги покажат своите вештини во EA SPORTS FC™ 27 и да се изборат за место на националното финале. Најдобриот играч ќе ја претставува Македонија на светското финале во Мајами, САД, каде гејмингот ќе се комбинира со вистински фудбалски предизвици.
Натпреварувањето се одвива преку две лиги: Универзитетска лига, наменета за студенти и Отворена лига, достапна за сите играчи кои ги исполнуваат условите за учество (за двете лиги важат истите правила: лицето да е на возраст од 18+ години и да е жител на С.Македонија). Двете лиги нудат различен начин на квалификација, но водат кон иста цел: место на националното финале и можност за освојување на патувањето до Мајами.
Универзитетска лига: Натпреварувај се со студенти од цела Македонија
Универзитетската лига им овозможува на студентите да се натпреваруваат со други од сите факултети во Македонија преку EA SPORTS FC™ 27 во Rush режим.
Квалификациските натпревари се одржуваат на факултети и други локации, каде што учесниците имаат можност да играат повеќе натпревари, да освојуваат поени и да напредуваат на националната ранг-листа. Секоја победа е можност за подобар пласман и чекор поблиску до националното финале.
За учество во Универзитетската лига, потребно е кандидатите да имаат најмалку 18 години и да бидат студенти, во согласност со официјалните правила и услови на натпреварувањето. Опремата потребна за играње ќе биде обезбедена, а учеството е бесплатно за сите студенти.
Следни универзитетски квалификации:
- 21 – 23.10. / 12:00 – 20:00h – Skopje City Mall, Скопје
- 24.10 / 12:00 – 22:00h – Taboo Billiard & Bar, Охрид
- 25.10 / 12:00 – 19:00h – Taboo Billiard & Bar, Охрид
- 26.10 / 09:00 – 15:00h – American College, Скопје
- 27 – 28.10 / 13:00 – 20:00h – ДСД Стив Наумов, Скопје
Секој студент има шанса да ги покаже своите гејмерски вештини на било која од универзитетските квалификации и да ја искористи можноста да го обезбеди своето место на националното финале!
Отворена лига: Од твојот кауч до Мајами
Отворената лига е наменета за сите играчи кои сакаат да се натпреваруваат онлајн, без разлика дали се студенти или не. Квалификациите се одвиваат во EA SPORTS FC™ 27 Ultimate Team преку FACEIT® турнири, еден на еден.
Играчите се натпреваруваат во квалификациски кругови, а со победите продолжуваат кон следните фази. Учесниците можат да се обидат во повеќе квалификациски кругови во текот на квалификацискиот период, со цел да обезбедат место во завршната елиминациска фаза и да се пласираат на националното финале.
Информациите за вклучување и регистрација во Отворената лига ќе бидат објавени наскоро. Следи ги официјалните профили за деталите за регистрацијата, квалификациските кругови и роковите за учество.
Од национално финале до Мајами
Најдобрите 16 играчи од двете лиги (8 од Универзитетска и 8 од Отворена лига) ќе обезбедат место на националното финале, каде што квалификуваните натпреварувачи ќе се соочат во заеднички формат, играјќи EA SPORTS FC™ 27 во Kick Off 95 режим.
Националниот победник ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, САД, кое се очекува да се одржи во јануари 2027 година.
Светското финале носи поинаков предизвик од класичниот гејминг турнир. Покрај натпреварите во EA SPORTS FC™ 27, учесниците ќе се соочат и со вистински фудбалски предизвици, во натпреварување што ги спојува виртуелните вештини со фудбалските способности на теренот.
Лимитирана Red Bull Wings Cup лименка со ексклузивни награди во EA SPORTS FC™ 27!
Во рамки на Red Bull Wings Cup, достапна е и новата лимитирана Red Bull Wings Cup лименка, која на играчите им носи ексклузивни награди во EA SPORTS FC™ 27! Под отворачот на лименките се наоѓа уникатен осумцифрен код со кој можат да отклучат 250 сезонски поени, два Red Bull Wings Cup дреса и еден Loan Player Item за седум натпревари. За да ги преземат наградите, играчите треба да го скенираат QR-кодот на лименката, да ги следат инструкциите и да го внесат осумцифрениот код.
Значи сѐ што треба да направиш е да ги преземиш своите крииилја и да се подготвиш за следниот натпревар!
Ако имаш најмалку 18 години, ги исполнуваш условите за учество и сакаш да ги провериш своите способности во EA SPORTS FC™ 27, Red Bull Wings Cup е можност да се натпреваруваш, да напредуваш низ квалификациите и да се бориш за место на националното финале, а потоа и за светско!
За повеќе информации за форматот, условите за учество и претстојните активности, посетете ја официјалната Red Bull Wings Cup веб страна и Instagram профилот на Red Bull Македонија.


