Legacy ги надминаа Falcons во финалето и повторно станаа шампиони на CAC. За бразилската екипа ова претставува втора Tier-1 титула во последните 12 месеци, додека Falcons повторно ќе се прашуваат како не успеаа да стигнат до успех во уште едно финале.
Финалето започна со тесна игра на Nuke. Иако Legacy беа првата екипа која стигна до 11 рунди, Falcons преку одличниот настап на kyousuke успеаа со пресврт да ја освојат првата мапа. Потоа следеше Ancient, каде што Legacy повторно први стигнаа до 10 рунди. Како и на Nuke, така и на втората мапа Falcons започнаа пресврт, но по една голема грешка од NiKo, Legacy го превзеде моментумот и успеаа да ја добијат втората мапа во серијата.
По поразот на Ancient, Falcons не можеа да најдат решение за Legacy ниту на Mirage ниту на Dust2. Со уште две победи од 13-6, Legacy успеаа да ја одбранат титулата во Кина и да ја освојат првата титула со новиот IGL arT. За најдобар играч на турнирот беше избран latto, кој и претходната година ја доби истата награда на претходното издание на CAC.
Со завршувањето на CAC, одиграни се сите Tier-1 натпреварувања ова полугодие и сите екипи сега се подготвуваат за настап на IEM Cologne Major 2026, кој започнува на 2 јуни.



