По година и пол чекање, MOUZ повторно успеа да освои титула по победата над Spirit на BLAST Bounty 2026 Season 2. Овој трофеј е прва Tier-1 титула за најновите играчи PR и xelex.
Натпреварот помеѓу Spirit и MOUZ беше прилично едностран во корист на германската организација. На првите две мапи, екипата на Spirit не можеше да најде никаков моментум, додека Spinx беше одличен за MOUZ. Иако Spirit успеа да избори победа на Ancient, тие не можеа истиот успех да го повторат и на Nuke, каде што повторно немаа решение за одличната игра на Spinx, па така MOUZ ја освои титулата во Малта.
Меѓу главните причини за слабиот настап на Spirit беше играта на donk, кој пак неочекувано не успеа да се вметне во серијата. Како и donk, така и останатите играчи на Spirit имаа проблеми да го пронајдат својот ритам, при што zontix и tN1R забележаа HLTV 3.0 рејтинзи под 0.90. Наспроти тоа, MOUZ можеше да се потпре на сите свои играчи, вклучувајќи го и xertioN, кој ја освои својата прва титула како IGL.
По кревањето на трофејот, Spinx беше прогласен за најдобар играч на турнирот по неговиот фантастичен настап во финалето, каде што забележа 1.54 HLTV рејтинг.
Титулата во Малта ќе послужи како одлична мотивација за MOUZ, кои сега ќе се подготвуваат за настапот на Esports World Cup 2026. Турнирот во Counter-Strike 2 на EWC започнува на 12 август, но пред да се одредат групите, се чекаат и резултатите од LAN квалификациите.


