CacaNito и JijieHao се квалификуваа на Esports World Cup 2026

Ангел Костоски
2 мин. читање

CacaNito и JiJieHao успешно се квалификуваа на Esports World Cup 2026 откако ги поминаа тесните LAN квалификации во Париз. За CacaNito, овој успех претставува негов прв настап на Tier-1 турнир откако ја напушти екипата на BCG.

Екипата на JiJieHao беше ставена во група 16 со Virtus.Pro, Sangal и ZESTE, во која заврши како втора најдобра екипа со победи над ZESTE и Sangal и еден пораз од Virtus.Pro. Со успешниот пласман во наредната фаза на квалификациите, нивен следен противник беше бразилската екипа DENDELE.

Иако Бразилците беа фаворити, JiJieHao успеа да приреди шокантна победа од 2-1 преку одличниот настап на CacaNito. Потоа следеше уште една тесна серија против полско-данската екипа Phantom, која исто така беше победена со резултат 2-1.

- РЕКЛАМА -

На последниот натпревар за пласман на EWC 2026 ги пречека руската екипа HOTU, која исто така успеа да приреди шокантна победа над Inner Circle. Иако двете екипи беа изморени, на крајот подобра се покажа кинеската организација со уште една победа од 2-1 и уште еден одличен настап на CacaNito.

За JiJieHao, настапот на EWC 2026 претставува прв Tier-1 турнир за организацијата по две години, кога настапуваа на Esports World Cup 2024. Тие ќе го започнат турнирот на 12 август со натпревар против Spirit, во кој ќе се надеваат дека ќе постигнат уште еден шокантен резултат за да освојат над 100 поени во VRS ранг-листата.