Luminosity официјално се врати во Counter-Strike сцената

Ангел Костоски
2 мин. читање

Канадската еспорт организација Luminosity официјално се врати на Counter-Strike сцената по нивното повлекување во 2019 година. Поранешните Major шампиони ќе настапуваат со четири играчи од поранешниот состав на Monte, како и со нов бразилски капитен.

AZUWU, Bymas, afro и Rainwaker, како и нивниот тренер kakafu, направија трансфер од Monte во Luminosity по успешниот настап на IEM Cologne 2026 Major, каде што стигнаа до третата фаза и го освоија 12-14. место. Првите тројца играчи пристигнаа како „слободни агенди“ откако им истекнаа нивните договори со украинската организација, додека Rainwaker требаше да се откупи од својот договор. Нивен нов капитен ќе биде lux, кој пристигнува од клупата на Legacy по тежок почеток на годината.

Единствениот член на Monte кој не беше дел од трансферот е Gizmy. Според изјавата на основачот на Luminosity, Стив Маида, организацијата одлучила да не го потпише младиот IGL бидејќи веќе имале договор со lux тој да биде капитен на екипата. Дополнително, Gizmy изјави дека играчите на Monte му објаснале дека договорите со Luminosity ги потпишале уште пред почетокот на Major турнирот, но му го соопштиле тоа дури по завршувањето на нивниот настап. За среќа, Британецот брзо си најде нов дом во 100 Thieves како нивни нов IGL.

- РЕКЛАМА -

Со тоа што Luminosity презеде четворица играчи од составот на Monte, организацијата го презема и нивното место на VRS ранг-листата, како и нивните покани за настап на повеќето турнири. Тие веќе го одиграа својот прв натпревар на XSE Pro League Guangzhou 2026, каде што беа поразени со резултат 13-10 од екипата на Nemesis.

ОЗНАЧЕНО: