Cache официјално се враќа во компетитивниот map pool на Counter-Strike по седум години, откако беше заменета со Vertigo по завршувањето на IEM Katowice 2019 Major.
Старо-новата мапа, која пред неколку месеци доби нов изглед, ќе ја замени Overpass по крајот на четвртата сезона на Counter-Strike Premier на 6 јули.
Враќањето на Cache е долгоочекувана одлука од страна на Valve, откако оригиналниот дизајнер на мапата, FMPONE, ја објави својата верзија на мапата за Counter-Strike 2. Потоа Valve ги откупи правата за мапата и ја изработи одново со цел да ги подобри перформансите на послабите компјутери.
Новата верзија беше официјално додадена во играта на 29 април. Оттогаш играчите имаа можност да ја тестираат низ Casual, Competitive, Deathmatch и Retakes, при што повеќето посериозни проблеми беа пронајдени и поправени по нејзиното објавување.
Играчите кои сe уште немаат остварено 25 победи во Premier ќе имаат време до крајот на сезоната да го направат тоа и да си обезбедат Premier медалја.



