Falcons ги победија FURIA во финалето на IEM Cologne 2026 Major со резултат 3-0. Титулата во Келн е првиот Major трофеј за саудиската организација, како и нивен прв трофеј откако ја освоија титулата на PGL Bucharest 2025 со kyxsan.
На првата мапа, Mirage, Falcons успеаа силно да го отворат натпреварот благодарение на добрите настапи на m0NESY и NiKo. FURIA успеаја солидно да се прикажат на CT-страната, но водството на Falcons беше преголемо и не успеаја да го пресвртат резултатот, кој заврши 13-8.
На Anubis, Falcons повторно успеаа позитивно да ја започнат мапата пред FURIA да направи пресврт и да поведе со 7-5 на полувремето. Откако се сменија страните, Falcons нанижаа осум рунди на својата T-страна со помош на настапот на kyousuke и со тоа стигнаа на една мапа од Major титулата.
Inferno, традиционално најслабата мапа на Falcons, беше третата мапа во финалето и на каде што се прикажа најдобрата верзија на „соколите“. Иако m0NESY не ја одигра својата најдобра серија, преку одличните рунди на karrigan тие изборија уште една победа со која ја освоија титулата во Келн.
За повеќето играчи од составот ова претставува прва Major титула, вклучувајќи го и NiKo, кој по 17 настапи на Major турнирите конечно ја освои последната голема титула што му недостигаше во неговата легендарна кариера. За најдобар играч на турнирот беше прогласен m0NESY, кој натпреварувањето го заврши со 1.25 HLTV 3.0 рејтинг.



