Falcons ги испратија Legacy во долниот брекет на BLAST Open Porto 2026 откако ги победија со резултат 2-1 и си го потврдија пласманот во плејоф фазата.
Одличниот настап на руското дуо m0NESY и kyousuke беше клучен за победата над бразилската екипа, која на последните две средби успеа да ги победи Falcons во финалето на CAC 2026 и четвртфиналето на Esports World Cup 2026.
На останатите серии повторно беа успешни фаворитите. FUT се сопна на првата мапа против Lynn Vision, но на крајот беа успешни со победа од 2-1. MOUZ одиграа еднострана серија против Inner Circle, додека jL го прикажа својот квалитет во поставата на Vitality со одличен настап против 9z.
Утре ќе се играат четирите натпревари во долниот брекет на двете групи, по кои ќе дознаеме кои четири екипи ќе го напуштат Копенхаген.


