16-те најниско рангирани екипи си ги избраа противниците за четвртото и последно издание на BLAST Bounty кое ќе вклучува 32 екипи.
По изборот на натпреварите, нe очекува уште една пресметка помеѓу EYEBALLERS и FaZe, како и бразилско дерби помеѓу Sharks и FURIA. FOKUS одбраа да играат против новата меѓународна постава на Aurora, додека младата руска екипа на Nuclear TigeRES ќе се соочи со MOUZ.
Меѓу поинтересните натпревари ќе биде дуелот помеѓу Liquid и Vitality. Liquid гo најавија засилувањата Jorko и го регистрираа JT наместо siuhy, но според правилникот на Valve мораа да изберат само еден од двајцата за да може да настапи во турнирот. На крајот, холандската организација одлучи да настапува со новиот капитен JT, додека ultimate ќе се врати во составот на Liquid како замена за Jorko.
Натпреварите ќе започнат во вторник и ќе траат сè додека не бидат одредени осумте екипи кои ќе настапуваат на LAN турнирот во Малта. По ова издание, форматот ќе се промени со цел да се намали бројот на екипи и сите натпревари да можат да се играат на LAN.


