kyxsan е нов играч на Aurora

Ангел Костоски
2 мин. читање

kyxsan е најновото засилување на Aurora по година и пол во Falcons. 26-годишниот IGL ќе го замени досегашниот капитен MAJ3R, кој најави пауза во својата кариера.

Aurora станува петтата организација која му ја даде довербата на kyxsan по неговите успешни настапи за Falcons, HEROIC, Apeks и BLUEJAYS. Како IGL на Falcons, тој ги предводеше „соколите“ до нивната прва титула на PGL Bucharest 2025, како и до шест финалиња на Tier-1 турнири. kyxsan исто така настапи на два Major турнири со Falcons, BLAST Austin 2025 Major и StarLadder Budapest 2025 Major.

Со неговото пристигнување во Aurora се комплетира и транзицијата на организацијата од турска во меѓународна екипа, откако MAJ3R и тренерот Fabre се повлекоа од составот, а soulfly беше преместен на клупата. Пред потписот на kyxsan, Aurora веќе ги потврди и засилувањата Jimpphat од MOUZ и тренерот ash од GamerLegion. Двајцата исто така пристигнуваат по успешните настапи во своите претходни екипи. ash беше клучен дел од екипата на GamerLegion која стигна до финалето на BLAST Paris 2023 Major, додека Jimpphat се најде меѓу 20-те најдобри играчи во светот за 2024 година во изборот на HLTV.

- РЕКЛАМА -

Новата екипа на Aurora ќе биде помеѓу најинтересните теми во новата сезона, која ќе ја започнат со настап во BLAST Bounty 2026 Season 2. Со искусни играчи како XANTARES и woxic, како и талентирани играчи како Wicadia и Jimpphat, новиот проект на kyxsan има огромен потенцијал кој може да стигне на нивото на Vitality и Falcons, кои во моментов се главните фаворити на повеќето турнири.

ESPORTS.MK ќе ги следи настапите на kyxsan и Aurora низ текот на сезоната и им посакува многу среќа во нивните заеднички настапи.

ОЗНАЧЕНО: