ESL петта година по ред ќе има настан во САД

Ангел Костоски
2 мин. читање

ESL најави нов настан во САД за 2027 година по успехот на IEM Atlanta. За ESL, ова ќе биде петта година по ред во која одржаваат турнир во Северна Америка.

Настанот ќе има сличен формат како оној во Атланта, со 16 екипи поделени во две групи. Во групната фаза ќе се игра двојно-елиминациски формат, по што најдобрите шест екипи од двете групи ќе обезбедат пласман во плејоф фазата.

Единаесет екипи ќе бидат избрани според глобалната VRS ранг-листа, додека најдобрите екипи од Северна и Јужна Америка ќе добијат по едно место. Останатите три места ќе бидат пополнети преку глобалните и американските квалификации.

- РЕКЛАМА -

Турнирот се очекува да има награден фонд од $1,000,000, од кој поголем дел ќе биде наменет за организациите. Во иднина ќе биде соопштен и градот во кој ќе се одржи турнирот, а ESL веќе го најави „виза-регионот“ според правилникот на Valve.

 

ОЗНАЧЕНО: