The International 2026: Познати директните покани, квалификациските места и распоредот

Игор Недески
3 мин. читање

Valve официјално ги објави седумте тимови кои добија директна покана за The International 2026, најголемиот Dota 2 турнир. Покрај директно поканетите екипи, објавена е и распределбата на местата преку регионалните квалификации, како и целосниот распоред за квалификацискиот циклус.

За разлика од претходните години, оваа година само седум тимови добија директна покана за TI, наместо вообичаените осум. Valve не ја откри причината за оваа промена, што значи дека дури девет места ќе бидат пополнети преку регионалните квалификации.

Директно поканети тимови за The International 2026

Директна покана за TI 2026 добија:

- РЕКЛАМА -
  • Team Falcons
  • Team Liquid
  • Tundra Esports
  • Aurora Gaming
  • Team Yandex
  • BetBoom Team
  • Xtreme Gaming

BetBoom Team на The International 2026 ќе настапува под името BoomBoys, поради забраната за содржини и имиња поврзани со коцкање на турнирот.

Европа добива обединети квалификации и четири места

Една од најголемите промени оваа година е обединувањето на Западна Европа и Источна Европа во еден заеднички европски квалификациски регион. Наместо двата региона да имаат одделни квалификации, Европа оваа година ќе има еден заеднички квалификациски турнир, од кој дури четири тимови ќе обезбедат место на TI 2026.

Распределбата на квалификациските места е следна:

РегионМеста
Европа4
Кина2
Југоисточна Азија1
Северна Америка1
Јужна Америка1

Распоред на квалификациите

Квалификацискиот циклус за The International 2026 ќе започне во јуни. Прво ќе се играат отворените квалификации, од 9 до 12 јуни, а потоа следуваат регионалните квалификации.

Кина — 15 до 18 јуни

  • Vici Gaming
  • Roar Gaming
  • Yakutou Brothers
  • Team Resilience
  • 4 тимови од отворените квалификации

Јужна Америка — 15 до 19 јуни

  • LGD Gaming
  • PlayTime
  • Estar Backs
  • Red Hot Chili Pibble
  • Amaru Gaming
  • Hokori
  • 4 тимови од отворените квалификации

Југоисточна Азија — 19 до 23 јуни

  • REKONIX
  • OG
  • Execration
  • Team Nemesis
  • GLYPH
  • 5 тимови од отворените квалификации

Европа — 21 до 28 јуни

  • TEAM VISION / PARIVISION
  • Team Spirit
  • MOUZ
  • Natus Vincere
  • Nigma Galaxy
  • Virtus.pro
  • enjoy
  • Power Rangers
  • 8 тимови од отворените квалификации

Северна Америка — 24 до 26 јуни

  • GamerLegion
  • 3 тимови од отворените квалификации

Главниот настан ќе се игра во Oriental Sports Center во Шангај. Ова ќе биде втор пат Шангај да биде домаќин на The International, по TI 2019, кога OG стана првиот двократен TI шампион.

TI 2026 ќе биде поделен во две фази:

  • Road to The International: 13–16 август
  • Главен настан: 20–23 август

Во првата фаза, 16-те тимови ќе играат Swiss групна фаза, по што најдобрите осум ќе продолжат на главната сцена во Oriental Sports Center.

Valve се уште не го објави точниот награден фонд за TI 2026, но се очекува основниот prize pool да изнесува 1.6 милиони долари, со можност за зголемување преку продажбата на TI 2026 Compendium.