Tundra Esports се повлекува од Dota 2, ростерот преминува во 1win

Игор Недески
2 мин. читање

Tundra Esports официјално објави дека се повлекува од натпреварувачката Dota 2 сцена по шест години активно учество. Организацијата со седиште во Лондон зад себе остава исклучително успешен период, во кој освои девет Tier 1 турнири, вклучувајќи го и најголемиот трофеј во Dota 2 — The International 2022.

Во официјалното соопштение, Tundra истакна дека по незаборавни и успешни шест години со легендарниот тим, организацијата се подготвува за ново поглавје.

Нашиот тим донесе страст, брилијантност, радост и возбуда за милиони фанови низ целиот свет, создавајќи спомени кои засекогаш ќе останат дел од историјата на Tundra, стои во објавата на организацијата.

Иако Tundra Esports се повлекува, ростерот ќе остане заедно и ќе продолжи да се натпреварува како 1win.

- РЕКЛАМА -

Зошто Tundra Esports ја напушта Dota 2 сцената?

Tundra Esports официјално не ја откри причината за повлекувањето од натпреварувачката Dota 2 сцена. Одлуката доаѓа како изненадување, особено ако се земе предвид дека тимот беше еден од најуспешните во тековната сезона 2025–2026.

Оваа сезона Tundra освои четири Tier 1 титули: BLAST Slam IV, BLAST Slam V, DreamLeague Season 28 и ESL One Birmingham 2026. Благодарение на овие резултати, тимот обезбеди и директна покана за The International 2026. Поканата останува кај играчите, што значи дека ростерот ќе го задржи своето место на TI 2026 и по трансферот во 1win.

Одлуката доаѓа во период кога уште неколку организации се повлекоа од Dota 2. Претходно, норвешката организација HEROIC го затвори својот Dota 2 сектор, наведувајќи проблеми со одржливоста како главна причина.

Со ова, Tundra Esports става крај на едно од најуспешните поглавја во својата историја, додека играчите продолжуваат понатаму со нов идентитет, но со истата цел, да останат на врвот на светската Dota 2 сцена.

ОЗНАЧЕНО: