kyxsan и Aurora се пласираа во големото финале на StarLadder StarSeries 2026

Ангел Костоски
1 мин. читање

kyxsan и Aurora ќе играат во големото финале на StarLadder StarSeries 2026, откако ја совладаа Vitality со победа од 2-1. Победата против Vitality беше четврта последователна за македонскиот капитен на Aurora.

Aurora започна со одличен настап на првата мапа, Anubis, каде што целосно ја надигра француската организација и не им дозволи ниту една рунда во второто полувреме. Добрата одбранбена игра продолжеше и на Inferno, но овојпат Vitality беа посигурни и стигнаа до победа од 13-11. На последната мапа, Nuke, Aurora повторно се прикажа како подобрата екипа на CT-страната и така обезбеди место во големото финале.

Vitality ќе се сретне со FURIA во финалето на долниот брекет, откако бразилската екипа ги совлада MOUZ и MiBR. Против германската организација, FURIA требаше да ги одигра сите три мапи, додека во реваншот со своите бразилски ривали можеше да се потпре на добрите настапи на YEKINDAR и KSCERATO.

- РЕКЛАМА -

Утре прво ќе се одреди која екипа помеѓу Vitality и FURIA ќе заврши на третото место, а победникот ќе се сретне со Aurora во големото финале, кое ќе се игра во best-of-five формат.