Battlenet Skopje носи редовни LAN турнири за македонските гејмери

Игор Недески
4 мин. читање

Battlenet Skopje се поактивно се позиционира како едно од местата во Скопје каде што редовно се организираат гејминг и еспорт турнири во различни игри, како дел од пошироката Battlenet Gaming Stations франшиза на Балканот.

Battlenet не е само класична играчница, туку франшизен концепт на модерни гејминг центри кои функционираат како дел од заедничка регионална мрежа. Преку оваа мрежа, играчниците под истиот бренд организираат различни турнири, локални натпревари и меѓуградски или регионални предизвици, со цел да се создаде активна и поврзана гејминг заедница низ Балканот.

Она што е особено важно за овие турнири е тоа што натпреварите се играат исклучиво од Battlenet Skopje играчницата. Ова значи дека учесниците не играат онлајн од дома, туку се натпреваруваат во реална LAN атмосфера, со ист простор, опрема и услови за сите играчи.

- РЕКЛАМА -

Во тој контекст, Battlenet Skopje носи можност македонските играчи да бидат дел од вакви активности и да се натпреваруваат не само локално, туку и во формати кои вклучуваат други Battlenet локации од регионот. Ова е особено важно за домашната сцена, бидејќи овозможува повеќе LAN натпревари, повеќе директно искуство и поголема поврзаност со балканската еспорт заедница.

Еден од најновите примери за ваквата активност се Counter-Strike 2 натпреварите кои се одржуваат во Battlenet Skopje.

Counter-Strike 2 5v5 Tournament

Во рамки на редовните активности, Battlenet Gaming Stations организира Counter-Strike 2 5v5 Tournament, кој ќе се игра во сабота, 30 мај, со почеток од 17:00 часот.

Наградниот фонд за турнирот изнесува 400 евра, распределен на следниот начин:

  • 1 место: 250 евра
  • 2 место: 100 евра
  • Winner Second Chance: 50 евра

Овој формат е класичен тимски Counter-Strike натпревар, каде што екипите имаат можност да се натпреваруваат во LAN услови, директно од Battlenet Skopje играчницата, и да се борат за наградниот фонд.

Skopje vs Sofia Tour — CS2 1v1 Tournament

Покрај 5v5 турнирот, Battlenet Skopje е дел и од Skopje vs Sofia Tour, специјален Counter-Strike 2 1v1 турнир кој ќе се игра во недела, 31 мај, со почеток од 17:00 часот.

Овој формат ја носи регионалната димензија на Battlenet мрежата, со натпреварувачка приказна помеѓу Скопје и Софија. Наместо класичен тимски турнир, 1v1 форматот е фокусиран на индивидуална вештина, брза реакција и директен дуел помеѓу играчите.

Наградите за најдобрите играчи се weapon skins:

  • 1 место: Kukri Crimson Web MW
  • 2 место: AK-47 Anubis MW

Натпреварите повторно се играат исклучиво од Battlenet Skopje, што му дава на форматот вистински LAN карактер и дополнителна натпреварувачка атмосфера.

Повеќе од обична играчница

Ваквите активности покажуваат дека модерните гејминг центри повторно можат да имаат важна улога во развојот на локалниот еспорт. За многу играчи, LAN турнирите се првиот вистински чекор кон натпреварувачко искуство, играње пред други луѓе, комуникација со тим, притисок од меч, организација и фер натпреварувачка средина.

Battlenet Skopje преку редовни турнири и поврзаност со другите Battlenet играчници од регионот создава простор каде што македонските гејмери можат да се натпреваруваат, да се дружат и да бидат дел од поголема балканска гејминг заедница.

Пријавувањето за турнирите е достапно преку линкот во био на официјалниот Instagram профил на Battlenet Skopje.

ОЗНАЧЕНО: