Интересни факти за ENTiTY x ESPORTS.MK LAN Showdown 2026

Ангел Костоски
3 мин. читање

ENTiTY x ESPORTS.MK LAN Showdown 2026 се подготвува да ги донесе осумте најдобри екипи во Охрид, каде што ќе се одржи едно од најголемите македонски Counter-Strike 2 натпреварувања.

Додека екипите започнуваат со своите подготовки, ние сакаме да ви споделиме уште неколку интересни факти за турнирот што ќе се одржи во eSports ENTiTY, Охрид.

Патот до Охрид е тежок

Сите екипи кои ќе учествуваат во онлајн квалификациите и LAN фазата во Охрид ќе се натпреваруваат во Best-of-three (BO3) single elimination брекет. Тоа значи дека која било екипа може да го заврши настапот по само еден пораз, без разлика на нејзиниот квалитет или претходен успех.

- РЕКЛАМА -

За да станат шампиони на LAN Showdown 2026, екипите ќе треба да бидат конзистентни низ текот на нивниот настап.

Охрид е град со еспортска историја

Охрид не е само домаќин на LAN Showdown 2026, туку и град со долга историја во еспортот. Охрид претходно беше дом на екипата ENTiTY во Counter-Strike 1.6, која ја претставуваше Македонија на World Cyber Games во 2010 и 2011 година.

Низ тие настапи, тие успеаја да постигнат и изненадувачка победа над данската екипа Full-Gaming, која беше составена од повеќе познати играчи од сцената, како karrigan, ArcadioN и Friis. ENTiTY беше и меѓу најдобрите екипи на Балканот, освојувајќи прво место на KODE5 Serbia 2009, DEFUSE Open и GAMESTATION.GIGATRON.

Голема награда за победникот

Најдобрите екипи кои ќе настапуваат во Охрид ќе имаат можност да се натпреваруваат за награден фонд од 150.000 денари. За победникот на LAN Showdown 2026 ќе бидат доделени 70.000 денари, додека второпласираната, третопласираната и четвртопласираната екипа ќе добијат по 40.000, 25.000 и 15.000 денари.

Ќе се чекаме за одлична забава

На LAN фазата на 24 и 25 октомври нема само да се игра Counter-Strike, туку ќе се создаде и нова прилика за играчи, тренери, спортски работници и љубители на еспортот да се сретнат и да се дружат.

За време на самиот турнир ќе се одржи и watch party во Taboo Billiard & Bar Club, со цел да се овозможи релаксирана атмосфера за сите кои би сакале да бидат присутни.

За сите екипи кои се заинтересирани да настапуваат на онлајн квалификациите, можете да се пријавите до 1 октомври на esports.mk/lan-showdown/