Urban Gaming организира CS2 LAN турнир со 32 екипи и 100.000 денари награден фонд

Игор Недески
1 мин. читање

Во Скопје ова лето ќе се одржи нов Counter-Strike 2 LAN турнир, организиран од Urban Gaming. Настанот е закажан за 10, 11 и 12 јули, а ќе се игра во просториите на компјутерницата во Илинден.

Турнирот е планиран за 32 екипи, со вкупен награден фонд од 100.000 денари. Според најавата, првопласираниот тим ќе освои 70.000 денари, второто место носи 20.000 денари, додека третопласираниот тим ќе добие 10.000 денари.

Организаторите најавуваат дека натпреварите ќе се играат LAN, со можност за паралелно одигрување на два меча во исто време. Дополнително, секој меч е планирано да биде пренесуван на стрим.

- РЕКЛАМА -

Котизацијата за учество изнесува 6.000 денари по екипа, а пријавувањето се врши преку следниот ЛИНК.

Според објавените информации, за учесниците ќе бидат обезбедени компјутери за CS2, 400Hz BenQ монитори, bootcamp простории, паркинг, климатизирани простории, како и техничка и организациска поддршка за време на настанот.

Со три дена натпреварување и LAN формат, турнирот претставува уште една можност за домашните CS2 екипи да се натпреваруваат во офлајн услови.

ESPORTS.MK ќе го следи турнирот и навремено ќе информира за текот на натпреварувањето. На сите екипи и на организаторите им посакуваме среќа и успешен LAN настан.