Vitality го освои IEM Rio 2026

Игор
Од
2 мин. читање

Vitality е шампион на IEM Rio 2026, откако во големото финале славеше со убедливи 3-0 против Team Spirit и уште еднаш потврди дека во моментов е еден од најдоминантните тимови на светската сцена. Со оваа победа, составот стигна до својата четврта титула сезонава, а воедно испиша и нова страница во историјата како првиот тим со две ESL Grand Slam титули.

Финалната серија започна на Mirage, каде што Spirit имаше добра позиција и водство од 11-8, но Vitality успеа да се врати, да избори продолженија и на крај да поведе со 1-0 во серијата. Вториот меч на Nuke повторно имаше отпор од Spirit, кој по силната CT страна имаше предност од 8-4, но Vitality уште еднаш најде начин да го сврти текот на натпреварот и да дојде на чекор до титулата.

На третата мапа, Dust2, Vitality веќе целосно ја презеде контролата и не дозволи изненадување. Тимот сигурно ја затвори серијата и сосема заслужено го подигна трофејот во Рио, потврдувајќи дека моментално е во одлична форма и дека е еден од најопасните тимови на светската CS2 сцена.

Меѓу најзаслужните за победата беа ropz и ZywOo, кои имаа одлично финале за Vitality. Според бројките од мечот, ropz ја заврши серијата со 1.38 рејтинг, додека ZywOo беше веднаш зад него со 1.36, што уште еднаш покажа колку големо влијание имаа во најважниот натпревар на турнирот.