aidKiT е ново засилување на чешката организација BRUTE по успешниот пробен период во CCT 2026 Europe Series 2. Тој сега е третиот македонски играч кој потпишал за екипа од чехословачкиот регион.
24-годишниот AWPer чекаше шест месеци за да добие нова можност откако се распушти претходниот состав на Partizan. Во тој период, тој се покажа меѓу подобрите играчи на FACEIT и FPL, како и на повеќе настапи на проба или како замена за екипите на megoshort и DALUYONG.
BRUTE е петтата организација која му укажа доверба на aidKiT во неговата кариера, а меѓу неговите претходни екипи се и Alter Ego, GenOne и BLUEJAYS. Тој исто така беше клучен дел од македонската репрезентација која освои две светски титули во 2021 и 2022 година.



