IEM Beijing 2026 започна со порази за дел од фаворитите, па Falcons, Legacy и Aurora ќе треба да се изборат за продолжување во долниот брекет на своите групи. На нивно место во горниот брекет продолжуваат NAVI, MongolZ и Liquid, додека FURIA, MOUZ и BetBoom избегнаа киксови.
Прв беше натпреварот меѓу Legacy и MongolZ, во кој монголската екипа ги победи Бразилците со резултат од 2-1. Маките на Legacy, кои започнаа откако нивниот капитен arT мораше привремено да се повлече поради менингитис, се уште немаат решение. Наспроти тоа, враќањето на cobrazera во активниот состав и пристигнувањето на nin9 како ново засилување донесоа позитивна енергија во монголската организација која досега им недостигаше низ текот на 2026 година.
Во истата група, Falcons не можеа да најдат решение против w0nderful и NAVI, а украинскиот AWPer беше исклучително расположен и забележа рејтинг од 1.76 според HLTV 3.0. За Falcons, неуспехот да постигнат значајни резултати против најдобрите екипи во текот на оваа сезона ќе биде тема за дискусија пред почетокот на Major турнирот во Сингапур. Што се однесува до NAVI, украинската организација се уште не ги надминала своите најголеми проблеми, но паузата по поразот на ESL Pro League Season 24 ја искористија позитивно и со новото темпо ќе се надеваат позитивни резултати да забележат.
Најубедливата победа на денот ја забележа Liquid против Aurora. Liquid продолжува со добрите перформанси што ги прикажува уште од PGL Masters Bucharest 2026, додека американската екипа поуспешно ги искористи големите пропусти на Aurora, особено на T-страната.
На останатите натпревари, FURIA, MOUZ и BetBoom успешно ги совладаа FaZe, 9z и TYLOO, додека HEROIC лесно ја победи B8, а PARIVISION издржа против G2 низ сите три мапи.
Утре започнуваат натпреварите во групата Б, а до крајот на денот ќе бидат познати првите четири екипи што ќе го напуштат Пекинг, како и четирите екипи што ќе се борат за место во полуфиналето на плејоф фазата.


