Утре ќе се одиграат квалификациите за ENTiTY x ESPORTS.MK LAN Showdown 2026, при што 17 екипи ќе се борат за едно од осумте места на LAN турнирот во eSports ENTiTY во Охрид.
Најпрво ќе се одигра прелиминарниот натпревар помеѓу AtroX Gaming и kNation, по кој ќе се дознае последната екипа што ќе се пласира во осминафиналето. Победникот потоа ќе се сретне со W TEAM во борбата за пласман во Охрид.
Меѓу останатите натпревари за пласман на LAN турнирот ќе биде и езерското дерби помеѓу Kadmo Beach и Struga5, а прилепската екипа EBAGO ќе настапи против BadBoys. CYBERZONE од Битола ќе се соочи со TURBO, а нè очекуваат и натпревари помеѓу NoBrain–33AVG и VOSKAA–RecoilZ. Последните два натпревари од квалификациите ќе бидат помеѓу NADE и GAMEBOX, како и помеѓу aimers и Mamba Gaming.
По прелиминарниот натпревар помеѓу AtroX Gaming и kNation, кој ќе започне во 12 часот, сите останати натпревари ќе започнат истиот ден во 14 часот. За да го следите брекетот на ENTiTY x ESPORTS.MK LAN Showdown 2026, кликнете на следниот линк.


