Трето издание на GAMEBOX CS2 турнирот: онлајн квалификации и LAN завршница во Куманово

Игор Недески
1 мин. читање

GAMEBOX од Куманово го најави третото издание на својот Counter-Strike 2 турнир, кој ќе се одигра во два дела, онлајн квалификации и LAN завршница.

Квалификациите се закажани за 27 и 28 јуни, а ќе се играат онлајн преку FACEIT. Според најавениот формат, турнирот ќе биде ограничен на максимум 24 екипи, поделени во 4 групи по 6 тима, каде што натпреварите ќе се играат во round robin систем.

Најдобрите 8 екипи од квалификациите ќе обезбедат пласман на LAN завршницата, која ќе се одржи на 5 јули во просториите на GAMEBOX во Куманово. Финалниот дел ќе се игра во single elimination формат.

- РЕКЛАМА -

Котизацијата за учество изнесува 3.000 денари по тим, додека наградниот фонд дополнително ќе биде објавен од страна на организаторите.

Пријавувањето е отворено преку директна порака до GAMEBOX.

Со ова, GAMEBOX продолжува со организација на локални CS2 настани, а третото издание носи комбиниран формат со онлајн квалификации и LAN завршница за најдобрите екипи.