FaZe шокантно стигна до плејоф на BLAST Rivals 2026 Fort Worth

Ангел
2 мин. читање

По досегашниот неуспех на FaZe во 2026 година, организацијата за првпат ќе настапува во четвртфиналето на турнир по StarLadder Budapest 2025 Major.

FaZe пристигнаа во Форт Ворт со големи промени откако karrigan се пресели во Falcons, додека во тимот дојдоа enkay J како нов тренер и Neityu на позајмица од ENCE. Поради тие причини како и неуспехот да се квалификуваат на IEM Cologne 2026 Major, очекувањата за FaZe биле ниски.

Нивниот прв натпревар во група Б беше против NAVI. На Anubis имаа катастрофален почеток, а на полувреме резултатот беше 11-1 за украинската организација. FaZe успеа малку да се стабилизираат по промената на страните, но до тој момент немале доволно моментум за да го свртат резултатот. На Ancient се одигра потесен натпревар, но квалитетот на NAVI се покажа преку нивната ѕвезда makazze и на крај тие ја победија серијата со 2-0.

Во долниот брекет ги дочекаа FURIA, кои во последните неколку турнири тешко ја достигнуваа формата што ја имаа во втората половина на 2025 година. Сите три мапи беа прилично еднострани. На Dust2, frozen ги предводе FaZe до победа од 13-4. На Mirage, molodoy со 1.96 HLTV 3.0 рејтинг ја донесе втората мапа за FURIA. На последната мапа Nuke, FaZe доминантно ги совлада FURIA со уште еден одличен настап на frozen.

- РЕКЛАМА -

Во четвртфиналето ќе се сретнат со G2, кои во финалето на група А загуби со 2-1 од Vitality. Победникот од дуелот меѓу FaZe и G2 ќе се соочи со NAVI, кои во финалето на група Б биле успешна против GamerLegion.