Скопје Опен 2026 ќе собере 32 натпреварувачи за еден возбудлив ден во EA SPORTS FC 27

Ангел Костоски
1 мин. читање

На 29 ноември, Македонската еспорт федерација, со поддршка од Град Скопје, ќе го организира првото издание на Скопје Опен 2026 во EA SPORTS FC 27.

32 натпреварувачи ќе се соберат во Battlenet Скопје, од кои само еден ќе се искачи на врвот и ќе ја понесе шампионската титула. Натпреварите ќе се одиграат во формат домаќин-гостин, додека големото финале ќе биде во формат best-of-three.

Победникот на турнирот не само што ќе го добие трофејот на Скопје Опен 2026, туку и ќе биде награден со 10.000 денари. Награди има и за второто, третото и четвртото место, чии освојувачи ќе добијат по 5.000, односно 2.500 денари.

- РЕКЛАМА -

Местата за играчите се пополнети, а за сите навивачи и симпатизери кои би сакале да го следат настанот во живо, турнирот ќе биде достапен преку директен пренос на Twitch каналот на МЕСФ.

Скопје Опен 2026 ќе започне во 12:00 часот, а до крајот на денот ќе го дознаеме првиот победник на скопскиот турнир. Се гледаме во недела!

ОЗНАЧЕНО: