MongolZ, FURIA, MOUZ и PARIVISION се првите екипи што се пласираа во плејоф фазата на IEM Beijing 2026. Четирите екипи ќе се сретнат меѓусебно во финалињата на своите групи, за да се одреди кои две ќе обезбедат директен пласман во полуфиналето.
MongolZ ја продолжи низата на позитивни резултати со победа над HEROIC. Серијата беше прилично тесна, особено на втората мапа Nuke, на која двапати беше потребно продолжение. Сепак, монголската екипа беше поуспешна, пред се благодарение на одличниот настап на cobrazera на CT-страната.
FURIA со пресврт ги совлада NAVI во тежок и интересен натпревар. На Ancient и Nuke, FURIA мораше да надоместува голема негатива за да избори продолженија на двете мапи. Иако не успеа да ја освои првата мапа, бразилската екипа подобро се снајде на Nuke и ја одведе серијата до одлучувачката мапа, Cache. molodoy и w0nderful имаа одлични настапи на последната мапа, но FURIA беше поквалитетна и ја освои мапата со 13-10.
Наспроти тоа, MOUZ одигра еднострана серија против BetBoom и забележа убедлива победа од 2-0. Иако руската екипа, особено d1ledez, прикажаа добра борба на Mirage, сепак немаа одговор за одличната тимска игра на германската организација.
PARIVISION е последната екипа што обезбеди пласман во плејоф-фазата, победувајќи ја Liquid со 2-0. Искусниот FL1T беше клучниот играч во серијата, а американската екипа успеа да освои само седум рунди на T-страната.
Во натпреварите од долните брекети, B8 и Falcons ги елиминираа Legacy и FaZe, додека Aurora и TYLOO продолжуваат понатаму по победите над G2 и 9z.
Утре ќе бидат познати и последните две екипи што ќе им се придружат на MongolZ, FURIA, MOUZ и PARIVISION во плејоф-фазата, како и шесте екипи што ќе го напуштат Пекинг по завршувањето на групната фаза.


