Македонија е Европски шампион во Dota 2

GoNzElA
1 Мин. читање

Македонската репрезентација оствари забележителен успех на Европското Првенство во еспорт 2025, кое се одржа од 9 до 13 јули во Приштина, Косово, со учество на 24 национални репрезентации во трите дисциплини: Dota 2, Counter-Strike 2 Open и Counter-Strike 2 Women.

Најголемиот успех го постигна македонската Dota 2 репрезентација, која ја освои титулата Европски шампион, триумфирајќи во големото финале против Белорусија со резултат 2:1. Нашите репрезентативци ја завршија групната фаза без пораз, обезбедувајќи сигурен пласман во полуфиналето. Во финалето уште еднаш ја потврдија својата доминација, носејќи го златниот медал во Македонија.

Значаен настап забележа и македонската репрезентација во Counter-Strike 2, која во силна конкуренција успеа да се пласира меѓу топ 12 репрезентации на турнирот, завршувајќи на позиција 9–12 место. Овој пласман претставува дополнителна потврда за квалитетот и потенцијалот на македонските еспорт играчи и нивната конкурентност на европската сцена.

Следниот голем предизвик за нашата Dota 2 репрезентација е Светското првенство! Со нетрпение го очекуваме официјалното објавување на настанот и искрено веруваме дека оваа наша екипа ќе продолжи да пишува историја и на светската сцена.

Честитки момци, продолжете да не правите горди!