FURIA се шампиони на BLAST Rivals 2026 Season 2

Ангел Костоски
1 мин. читање
Фото: Sophie Barrowclough/BLAST Premier

FURIA го освои последниот Tier-1 турнир пред почетокот на PGL Singapore Major 2026 со убедлива победа над Spirit во Хонгконг. Бразилската екипа ја освои третата титула оваа сезона и ќе биде меѓу големите фаворити за Major-от.

Финалето беше прилично еднонасочно во корист на FURIA. Иако сите три мапи имаа тесен почеток, во втората половина Spirit не можеше да најде решение. Најнеизвесниот натпревар се одигра на првата мапа, Ancient, каде што тимската игра на FURIA се покажа посилна од одличниот настап на donk.

На наредните две мапи, Spirit освои само две рунди во второто полувреме, а меѓу играчите на руската екипа, zont1x и tN1R го завршија финалето со HLTV 3.0 рејтинзи под 0.7.

- РЕКЛАМА -

KSCERATO беше избран за најкорисен играч на турнирот. Бразилецот беше фантастичен во текот на турнирот во Хонгконг, завршувајќи со HLTV 3.0 рејтинг од 1.55.

PGL Singapore Major 2026 започнува за девет дена и ќе биде последниот турнир во оваа сезона. Шеснаесет екипи ќе настапуваат во првата фаза, додека уште шеснаесет екипи чекаат да дознаат со кои ќе се натпреваруваат во наредните фази.