ESPORTS.MK, во партнерство со eSports ENTiTY, го најавува LAN Showdown 2026 – нов Counter-Strike 2 турнир кој оваа есен ќе ги донесе најдобрите домашни екипи на LAN завршница во Охрид.
Турнирот ќе започне со отворени онлајн квалификации на 3 и 4 октомври, преку кои осум екипи ќе обезбедат место на LAN финалето. Завршните натпревари ќе се одиграат на 24 и 25 октомври во eSports ENTiTY, каде екипите ќе се борат за шампионската титула и награден фонд од 150.000 денари.
Целта на LAN Showdown е да донесе повеќе од само натпреварување, цел викенд посветен на CS2, дружење и вистинска LAN атмосфера во Охрид. Покрај екипите што ќе се натпреваруваат во eSports ENTiTY, за настанот ќе има и watch party во Taboo Billiard & Bar Club, каде посетителите ќе можат заеднички да ги следат натпреварите и да бидат дел од атмосферата.
За оние што нема да бидат во Охрид, натпреварите од LAN финалето ќе бидат достапни и преку директен пренос на Twitch и YouTube.
Пријавувањето ќе биде отворено од 1 септември до 1 октомври 2026 година. Дополнителни информации за учеството, распоредот и екипите ќе бидат објавувани во периодот што следува.
Повеќе информации за турнирот и линкот за пријавување можете да ги најдете на esports.mk/lan-showdown.
Патот до LAN Showdown започнува онлајн, а завршува во Охрид.


