Inner Circle слави шокантна победа над Vitality на BLAST Open Porto 2026

Ангел Костоски
1 мин. читање

Inner Circle успеа да ја совлада екипата на Vitality во шокантна победа на BLAST Open Porto 2026. Дебито на jL како замена во Vitality беше прилично неуспешно за француската организација, која падна во долниот брекет.

Клучниот играч за украинската екипа беше cptkurtka023, кој беше безпрекорен низ текот на целата серија. Во меѓувреме, најзабележлив пропуст кај Vitality беше ZywOo, кој особено страдаше во дуелите со headtr1ck.

На останатите натпревари имавме уште неколку интересни серии. Додека MOUZ беше успешен во натпреварот против 9z, Legacy ја продолжи својата одлична форма од Esports World Cup 2026 со победа над FUT. Се одигра и тесна серија помеѓу Falcons и Lynn Vision, во која „соколите“ мораа да направат пресврт за да ја освојат последната мапа.

- РЕКЛАМА -

Утре следат полуфиналињата на групата А, каде што ќе ги дознаеме првите две екипи кои ќе играат во плејоф фазата во Порто. Дополнително, ќе дознаеме и кои екипи ќе бидат елиминирани, со оглед на тоа што ќе се одиграат и првите натпревари од долниот брекет.