B8 ги шокираа Vitality и се пласираа во плејоф фазата на Esports World Cup 2026

Ангел Костоски
1 мин. читање

B8 со шокантна победа над Vitality се пласира во плејоф фазата на Esports World Cup 2026. Ова претставува најголема победа за украинската екипа откако почнаа да настапуваат на Tier-1 турнири во 2025 година.

Натпреварот започна со тесна прва мапа на Mirage, на која Vitality успеа да победи со резултат 16-12. Vitality ја започна втората мапа со водство од 9-3 на CT-страната, но по промената на страните, се префрли и моментумот на серијата кон B8, кои успешно направија пресврт со победа од 13-11. На последната мапа, B8 одигра одлично на Dust2 и успеа да ја освои серијата.

На останатите натпревари, FUT и MOUZ одиграа тесна серија во која најуспешна беше младата постава на FUT. Одличниот настап на xKaspersky беше доволен за NiP да го совлада BetBoom, додека 100 Thieves не можеа да го најдат својот ритам против екипата на PARIVISION. Lynn Vision го доби кинеското дерби против TYLOO, а MIBR го елиминира K27 во долниот брекет на групата B.

- РЕКЛАМА -

Утре следуваат уште шест натпревари, во кои ќе се одредат победникот на групата D и последните екипи кои ќе бидат елиминирани од долниот брекет на групата A.