Liquid ги шокира Vitality во првата рунда на BLAST Bounty 2026 Season 2

Ангел Костоски
2 мин. читање

Liquid ја започна новата ера со новите засилувања JT и Jorko со шокантна победа над Vitality. Ова е прва победа за Liquid над Tier-1 екипа по нивниот триумф над Aurora во септември 2025 година.

Со оваа прилично едноставна победа од 2-0, Liquid ставија крај и на серијата од 24 последователни настапи во плејоф фазата за Vitality, која траеше од самото пристугнување на ropz во поставата. Одличниот настап на ELiGE, како и солидното деби на Jorko, беа клучни за победата.

Поразот на Vitality не беше единствениот шокантен резултат во првата рунда на BLAST Bounty 2026 Season 2, бидејќи Falcons, Aurora и FURIA исто така загубија против 100 Thieves, FOKUS и DENDELE. Falcons беа жртва на огромен пресврт од 100 Thieves на Anubis, додека Aurora не можеше да најде решение за CT-страната на FOKUS на Dust2. FURIA и DENDELE одиграа тесна трета мапа на Cache, но фаворитот не можеше да ја надмине подобро подготвената бразилска постава.

- РЕКЛАМА -

Меѓу останатите резултати, Spirit избегна шокантен пораз против OG со победа од 2-1. MongolZ ја совлада HEROIC во нивниот прв турнир со tikuak и DarkMeister, додека понатаму продолжуваат екипите на FUT, MOUZ, FaZe и G2.

По натпреварите биле избрани и паровите за втората рунда. FOKUS одбраа да играт против MOUZ, DENDELE ќе ги играат FaZe, додека Liquid ќе се тестираат со G2 и на 100 Thieves им остана натпревар против Spirit. Останатите натпревари за втората рунда се Wildcard-MongolZ, HOTU-Astralis, 3DMAX-FUT и NiP-paiN.

ОЗНАЧЕНО: