Стигна крајот и на втората фаза на IEM Cologne 2026 Major, со која ги дознавме екипите кои ќе продолжат во третата фаза на турнирот. Меѓу нив се и едни од фаворитите, Spirit, кои експресно ги совладаа своите ривали.
Руската екипа, која требаше да го започне настапот во Келн без својот тренер hally, може да се пофали со одличниот настап на donk, кој им го обезбеди пласманот. Заедно со нив во наредната фаза поминува и FUT со три победи.
Наредниот ден донесе успеси и за BetBoom, G2 и 9z. 9z стана првата екипа од Јужна Америка која стигнала до претпоследната фаза без ниту еден бразилски играч во составот, додека BetBoom е третата последователна руска постава која започнала од првата фаза и стигнала до третата (Nemiga на BLAST Austin 2025 Major и PARIVISION на StarLadder Budapest 2025 Major).
На последниот ден уште Monte, Legacy и B8 успеаа да си го осигураат местото во третата фаза. Меѓу екипите кои беа елиминирани беше и домаќинот BIG, кои со кренати глави го завршија својот настап по тесен натпревар со младата постава на B8.
Осумте екипи од втората фаза ќе ги пречекаат Vitality, NAVI, MOUZ, Aurora, Falcons, PARIVISION, MongolZ и FURIA, кои добија директен пласман во третата фаза. За прв пат во историјата на Counter-Strike Major турнирите, сите натпревари во претпоследната фаза ќе се играат во best-of-three формат.



