NAVI стигнаа до титулата на IEM Atlanta 2026

Ангел Костоски
2 мин. читање

Откако за првпат сезонава успеаја да ги победат Vitality, NAVI го освоија својот втор трофеј во 2026 година со убедлива победа од 3-0 против GamerLegion во финалето.

NAVI го започнаа настапот во Атланта со победи над Passion UA и GamerLegion во групната фаза, но во финалето на групата Б не успеаја да најдат решение против Legacy и изненадувачки завршија на второто место во својата група.

Бидејќи Vitality мораа да се борат преку долниот брекет од својата група за место во плејофот, во четвртфиналето следуваше дуел токму помеѓу нив и NAVI. Двете екипи повеќепати се сретнаа во текот на оваа година, но во сите претходни дуели поуспешни беа Vitality. Сепак, во Атланта NAVI конечно успеаја да ја прекинат таа серија и со победа од 2-1 да ја елиминираат француската организација.

- РЕКЛАМА -

Откако го совладаа својот најголем ривал на турнирот, NAVI влегоа во далеку покомотна позиција. Во полуфиналето беа подобри од BetBoom, а потоа во финалето ја совладаа GamerLegion со 3-0, со што стигнаа до својот втор трофеј во последните шест месеци.

За одличните настапи беше награден и w0nderful, кој беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Тој го заврши настанот со импресивен 1.31 HLTV 3.0 рејтинг.

За NAVI сега следува настапот на IEM Cologne Major 2026, кој започнува на 2 јуни.

ОЗНАЧЕНО: