stressarN и SINNERS успешни на LORGAR Rankings Season 1

Ангел
2 мин. читање

stressarN и SINNERS ја освоија титулата на LORGAR Rankings Season 1 по победата над Gentle Mates. Со овој успех, SINNERS го освоија својот втор LAN турнир во историјата на организацијата што се одржа надвор од чешката еспорт сцена.

SINNERS го започнаа настапот со победа над IC Academy во четвртфиналето. Младата украинска постава се покажа солидно на својата мапа Overpass, но не успеа да ја надмине поискусната екипа на SINNERS ниту таму, ниту на Nuke.

Во полуфиналето ги чекаше KOLESIE, поранешната екипа на kisserek со која тој го освои Fragadelphia 19. SINNERS успеаја да ја добијат Dust2 со резултат 13-9, откако го скршија моментумот на KOLESIE, додека на Overpass мораа да се вратат од 4-8 пред промената на страните и на крајот победија со 13-11.

- РЕКЛАМА -

Во финалето ги чекаше шпанската екипа Gentle Mates, која на првата мапа беше поуспешна и победи со 19-17. Од тој момент, SINNERS преку одличниот настап на SHOCK и водството на капитенот beastik направија уште еден пресврт со победа на Mirage, додека на Nuke се прикажаа како подобра екипа.

За stressarN и SINNERS, овој успех е уште една потврда дека последните 10 месеци се огромен напредок за сите играчи и за организацијата, која со години се бореше да стигне до елитата. SINNERS сега се подготвуваат за настап на IEM Atlanta 2026 пред почетокот на IEM Cologne Major 2026.

ОЗНАЧЕНО: