MongolZ и MOUZ се чекаат во финалето на IEM Beijing 2026

Ангел Костоски
1 мин. читање
Фото: Enos Ku/ESL

MongolZ и MOUZ ќе играат во големото финале на IEM Beijing 2026, откако ги совладаа NAVI и BetBoom во полуфиналето. За MongolZ, финалето во Пекинг ќе биде прво на Tier-1 турнир по 14 месеци, откако последен пат настапија во финалето на FISSURE Playground 2 против FURIA.

MongolZ одигра одлична серија против NAVI, победувајќи ги со резултат од 2-0. Иако 910 не настапи на нивото на кое го видовме во групната фаза, останатите играчи на монголската екипа беа беспрекорни. Најдобар играч во серијата беше капитенот blitZ, кој ја заврши со HLTV 3.0 рејтинг од 1.49.

MOUZ продолжува да биде најдоминантната екипа на IEM Beijing 2026, по победата над BetBoom од 2-0. xertioN и PR одиграа одлично, а нивната победа над руската екипа беше дополнително олеснета од потпросечните настапи на Magnojez и d1ledez.

- РЕКЛАМА -

Натпреварот за третото место започнува во 5:00 часот, додека големото финале ќе започне во 8:30 часот. Финалето ќе се игра во формат best-of-five, како и сите досегашни големи финалиња.

ОЗНАЧЕНО: