Македонската eFootball репрезентација го заврши првиот натпреварувачки турнир од Nations League, натпреварување преку кое репрезентациите се борат за пласман на FIFAe World Cup 2026™ ft. eFootball™ Console.
Во првата недела од Nations League, Македонија настапи во групата А, каде што одигра четири натпревари и ја завшри групната фаза на 4. место со вкупно 4 освоени поени.
Нашата репрезентација забележа биланс од 1 победа, 1 нерешен резултат и 2 порази, со 3 постигнати и 4 примени голови, односно гол-разлика -1.
View this post on Instagram
Покрај натпреварите во групата, Македонија настапи и во плејоф-от. Таму, нашата репрезентација најпрво ја совлада Малта, но потоа беше поразена од Португалија. Во дуелот со Малта, Македонија одигра две средби. Првиот натпревар заврши нерешено 1:1, додека во вториот натпревар македонската репрезентација беше подобра и славеше со 2:0. Против Португалија, Македонија одигра уште еден тежок двомеч. Првата средба заврши без голови, 0:0, додека во вториот натпревар Македонија имаше почетно водство од 1:0, но Португалија успеа да направи пресврт и да победи со 2:1.
Иако резултатот не беше во наша корист, Македонија покажа дека може да се носи со силни противници и дека има простор за уште подобар настап во следните натпреварувачки недели.
Следниот настап на македонската репрезентација е закажан за мај, кога ќе се одигра втората недела од Nations League. Тоа ќе биде нова можност за освојување важни поени во борбата за пласман на FIFAe World Cup 2026™ ft. eFootball™ Console.
ESPORTS.MK ќе продолжи да го следи настапот на Македонија во Nations League и навремено ќе информира за резултатите, следните натпревари и патот кон светската сцена.


