CS2 Wingman Weekend Cup: Започнува нов викендашки формат на esports.mk

GoNzElA
3 Мин. читање

Со цел да се поттикне и заживее домашната еспорт сцена, esports.mk го најавува првиот CS2 Wingman Weekend Cup, кој ќе се одржи на 7 и 8 февруари. Овој турнир го означува почетокот на нов викендашки формат, наменет за сите љубители на брзи, динамични и компетитивни 2 vs 2 мечеви.

Првиот куп ќе се одржи на 7 и 8 февруари, а во зависност од интересот и учеството, форматот ќе се развива и во други насоки.

Во наредниот период се планира проширување и во други игри и формати, вклучувајќи 1 vs 1, 5 vs 5, како и турнири со партиципација.

Датум и распоред

7 и 8 февруари

  • Доколку има до 64 екипи, турнирот ќе се одигра само во сабота, со почеток во 12:00 часот
  • Доколку има повеќе од 64 екипи, турнирот ќе продолжи и во недела, со почеток во 20:00 часот

Правила за учество

  • Регионална ограниченост: Европа
  • Ограниченост по држава: Само за играчи од Македонија (Задолжително македонско знаме на FACEIT профилот)
  • Проверка на локација: Да (IP адресата мора да биде од Македонија)

ЛИНК до целосните правила на турнирот.

Награден фонд

Турнирот ќе има наградeн фонд во FACEIT поени, распределен на следниов начин:

🥇 1во место: 4.000 FACEIT поени

🥈 2ро место: 2.000 FACEIT поени

🥉 3–4то место: 1.000 FACEIT поени

Пријавување и информации

Пријавувањето за турнирот се врши преку овој ЛИНК, како и директно преку ESPORTSMK страницата на FACEIT. Дополнителни информации, детали за форматот и ажурирања поврзани со турнирот се достапни директно во самиот FACEIT турнир.

Со стартот на CS2 Wingman Weekend Cup, esports.mk прави уште еден чекор кон поактивна, поврзана и одржлива еспорт заедница. Возбудени сме и мотивирани што повторно отвораме простор за натпреварување, дружење и развој на домашната сцена, и со нетрпение ги очекуваме првите изданија од овој формат.

Воедно, esports.mk активно бара волонтери кои сакаат да се вклучат во организацијата и реализацијата на идните турнири и настани. За сите заинтересирани за еспорт организација, продукција и турнирско работење, ова претставува можност за стекнување искуство, кое во иднина може да прерасне и во професионален ангажман.