NAVI и BetBoom ги пополнија последните две места во полуфиналето на IEM Beijing 2026 со победите над PARIVISION и FURIA. Таму ќе ги чекаат MongolZ и MOUZ, кои претходно обезбедија директен пласман во полуфиналето откако ги освоија своите групи.
NAVI ги одигра сите три мапи против PARIVISION за да стигне до полуфиналето, а серијата ја одбележа уште еден одличен настап на w0nderful. Украинскиот AWPer ја заврши серијата со HLTV 3.0 рејтинг од 1.54 и беше најдобриот играч на Mirage и Inferno. За PARIVISION, најдобар беше zweih, но неговиот настап не беше доволен за да ја одведе руската екипа до победа над NAVI.
На третиот обид, BetBoom успеа да ја совлада FURIA со победа од 2-1. BetBoom ја започна серијата со доминантна победа на Ancient, но иако имаше водство на Dust2, сепак не можеа да се справи со одличната CT-страна на KSCERATO. На третата мапа се водеше битка меѓу S1ren и molodoy за признанието за најдобар играч на мапата, а на крајот BetBoom ја обезбеди победата во продолжението со резултат од 16-14.
Утре започнуваат полуфиналињата во истите термини, а први на серверот ќе излезат MongolZ и NAVI, во 7:30 часот. По нив ќе следува дуелот меѓу MOUZ и BetBoom за последното место во големото финале.


